Skip to content
lago-air-sofa

AIR нова софа на Lago

А зошто па и да зборуваме. Еве го промотивното видео и повеќе од 120 фотографии.
03

Што ново носи револуционерниот концепт на кујни 36е8?

Продолжуваме со неколку детали, за да ве запознаеме подобро со концептот и можните комбинации кои може да се добијат со револуционерниот концепт на кујни 36е8

Последни постови

28
Oct
Bonado_Tavoli_2009_Page_055

Практичен предлог за уредување на ентериерот – моќта на деталите

Како што знаеме во последно време трендот во индустријата на уредување на домот оди кон осветлување на просторот. Ако претходно трендот се бореше со отфрлање на венге бојата која доста време доминираше, сега се повеќе се оди кон визуелно полесен простор, со светли тонови. Ако минатата година преминот се правеше со тортора боја, најчесто во комбинација со виолетова (комбинација која навистина прилега), оваа година „ин“ е многу од белата боја. Може да се рече дека белата боја на тој начин останува боја на просторот, на позадината, а акцентот е на предметите во боја. Едноставен метод на акцентирање со боја, со кој никогаш нема да згрешите, а се постигнуваат значајни ефекти.
Читај повеќеRead more

3
Oct
chop2pot-chopping-board_4

Дизајн на малите нешта – homeware art

Инспирирани од новата продавница за дизајнерски производи Kares во центарот на Скопје, малку подетално навлеговме во дизајнот кои тие го нудат и во консултација со нив, издвоивме некои предмети кои оставаат впечаток како со дизајнот така и со функционалноста…ако овие две работи всушност некогаш може да се разделат.

Читај повеќеRead more

12
Aug
22pantone-casale-custom6

Pantone hotel, Brussels

Престојувајќи во новиот хотелот Pantone, ќе го доживеете Брисел преку објективот на боја и спектар. Од моментот кога ќе пристигнете, “хотел на бои” ќе ги разбуди вашите сетила. Тоа е шарено и живописно место за престој. Хотелот е централно лоциран само чекори од Avenue Louise, нај гламурозната шопинг и бизнис-област.

Читај повеќеRead more

5
Aug
3 ramp

Mandarin Oriental Hotel, Barcelona

Уште еден хотел, најново остварување на шпанскиот дизајнер Patricia Urquiola. Ако имате прилика да патувате за Барселона наскоро, сигурно посетете го. Исклучителен дизајн!

Читај повеќеRead more

29
Jul
moroso living room4

W Retreat & Spa – Studio Urquiola

Во рамките на гигантот „W Hotels Worldwide” оваа година почнува со работа новиот „W Retreat & Spa – Vieques Island“, 37-ми хотел на компанијата и прв retreat центар во рамките на Северна Америка. W Vieques е лоциран 10-тина километри од југоисточниот брег на Порто Рико. Стартува со работа како втор retreat центар на W-ланецот хотели, следејќи го веќе успешниот прв W retreat центар на Малдивите, изграден 2006.

Читај повеќеRead more

25
Jul
BigBang_93.00-06-21A-1

Столот BIG BANG

Нов и единствен, современ стол со иновативно графичко решение. Ова решение е возможно само благодарение на иновативен систем на производство, патентиран и ставен во употреба за изведување на овој стол. BIG BANG е изведен со седало во повеќебоен технополимер и метални ногарки, хромирани или во бела боја. Погледнете ги комбинациите на бои :)

Читај повеќеRead more

8
Jun
1

Adam & Eve Hotel, Antalya

Отворен во 2006 година, со капацитет од 497 соби, овој ресорт е „Concept and Design hotel“, дизајн на архитектот и ентериер дизајнер Ерен Талу. Хотелот е негова најнова верзија на минимализам, лоциран е во преубава борова шума, покрај море. Со многу награди за дизајн, Adam & Eve е прогласен за најдобар хотел во светот за 2007,2008,2009 и 2010, најдобар Европски хотел, најдобар хотел во Турција и уште ред други награди од Fashion TV, Gala Magazine, World Luxury Hotel Awards и др.

Читај повеќеRead more

18
May
SIV197_resize

Ентериерот на СИВ – 60 години потоа (Белград)

Нашата екипа во рамките на „Ноќ на музеите“ во Белград (настан кај нас познат како „Бела ноќ“) ја посети зградата на Советот на Извршната Влада (SIV – Savez Izvrshnog Veca ). Иако ова е заборавено здание, непознато за младите генерации, нас не фасцинираше со својата безвременост. Конкурсот за зградата е објавен во 1947, а завршена е во 50-тите години. Трогнува со својот дизајн и концепт уште повеќе што тоа е направено пред 60 години.

Читај повеќеRead more

3
May
Secret2

Doimo Salotti – Milano Salone del Mobile 2011

Штандот на Doimo Salotti, на Саемот во Милано 2011. Претставени се сите нови модели. Doimo Salotti е бренд од групацијата Doimo, специјализиран исклучиво за софи изработени во штоф. За оние кои се плашат околу одржувањето на штофот на гарнитурата, мораме да спомнеме дека овде можноста штофот да се вади за перење е стандард.

Читај повеќеRead more

18
Apr
10_EST_PAS_2

Milano Saloni del mobili 2011- Bonaldo

Како што ветивме, во следните неколку постови ви ја пренесуваме атмосферата од Саемот во Милано 2011. Ова е штандот на Bonaldo, со новите производи за 2011 година. Чувствувајте се како да сте биле таму :)

Читај повеќеRead more