Skip to content

Постови од категоријата ‘Совети’

28
Oct
Bonado_Tavoli_2009_Page_055

Практичен предлог за уредување на ентериерот – моќта на деталите

Како што знаеме во последно време трендот во индустријата на уредување на домот оди кон осветлување на просторот. Ако претходно трендот се бореше со отфрлање на венге бојата која доста време доминираше, сега се повеќе се оди кон визуелно полесен простор, со светли тонови. Ако минатата година преминот се правеше со тортора боја, најчесто во комбинација со виолетова (комбинација која навистина прилега), оваа година „ин“ е многу од белата боја. Може да се рече дека белата боја на тој начин останува боја на просторот, на позадината, а акцентот е на предметите во боја. Едноставен метод на акцентирање со боја, со кој никогаш нема да згрешите, а се постигнуваат значајни ефекти.
Read moreRead more

20
Nov
t

iPod апликации кои ќе ви помогнат во уредувањето

Свесни сме дека нема премногу од овие уреди во Македонија, но резолуцијата и квалитетот на екранот како да се создадени за гледање на прекрасни колоритни и инспиративни дизајнерски решенија. Патем, трендовите се тука за да се следат, нели :) . Којзнае можеби токму некоја од практичните апликации кои ги претставуваме во овој пост ќе бидат дополнителна мотивација некој да се одлучи да го купи овој таблет. Значи во продолжение 4 апликации кои нудат идеи или практични решенија за поубав дом. Ако ја нема вашата омилена апликација задолжително наведете ја во коментарите. Read moreRead more

25
Aug
bonaldo-masa

На што треба да внимавате при избор на трпезариската маса

Во претходниот пост ја отворивме темата за трпезаријата. Секако предност им дадовме на столовите. Но, не треба да се намали вниманието и при избор на соодветна трпезариска маса. Сепак таа многу може да влијае на атмосферата која се создава во целокупниот просор.

Во однос на големината и обликот на трпезарискта маса, треба да ги одредите своите приорети, и во согласност со можностите на просторот да одберте маса, која најмногу ќе одговара: кружна, правоаголна или квадратна. Read moreRead more

3
Aug
Latofleks_resetka_3

Латофлекс решетка: удобниот сон зависи и од подлогата за душекот

Удобниот сон, освен од типот на душекот, многу зависи и од типот на подлога за душекот, што во поново време значи латофлекс решетка.

Една од основните карактеристики на латофлекс решетките е тоа што овозможуваат вентилација на душекот, што е неопходно за квалитетен сон. Кај квалитетните душеци особено внимание се обрнува на вентилацијата на душекот. Се изработуваат со канали во самата структура, или од порозен материјал, што дозволува ослободување на влагата. Read moreRead more

30
Jul
dushek_s

Од што се направени новите душеци за спиење?

Веќе ја отворивме темата за спалната соба. Не е тајна дека еден од главните играчи, ако не и најглавниот во оваа соба е душекот. Добриот душек треба да обезбеди правилно потпирање на телото во одделни зони и да овозможува добра циркулација на воздух низ самиот душек. Италијанскиот производител „Doimo Materassi”, специјализиран за производство на душеци, неодамна ја објави својата нова линија на душеци наречена „PrimaClasse”. Оваа линија е  резултат на долгогодишно истражување на компанијата. Затоа преку овие модели ќе  појасниме некои од основните карактеристики на современиот квалитетен душек за спиење. Read moreRead more

20
Jul
foaje_1

Деловен ентериер: влезен хол (фоаје)

Ентериерот на деловниот простор во однос на надворешните корисници има неколку фокусни точки каде се претставува самата компанија: влезен хол -фоаје, бифе, конференциска сала.

Влезниот хол е првата точка на средба на клиентот со вашиот деловен простор. Тој треба адекватно да ја рефлектира пораката која сакате да му ја пренесете на клиентот. Дизајнот секако зависи од вашите барања како компанија. На пример, дизајнот на влезен хол за петрохемиска компанија би требало да биде сериозен и елегантен со ограничена палета на бои, додека на advertising агенција би можел да биде фанки, со употреба на повеќе и јаки бои. Read moreRead more

13
Jul
Софа Тетрис

Детски соби: 3 работи на кои мора да посветите внимание

Одлично ни тргна со детските соби. Причината е многу едноставна, италијанските дизјани никого не оставаат рамнодушен. Но, истите тие, италијанци свесни се дека не доаѓа добриот глас само од дизјанот. Има и неколку други работи кои се еднакво важни кога станува збор за добро осмислена детска соба. Еве три работи на кои мора да се внимава при уредувањето на детската соба: Read moreRead more

11
Jul
detsi-sobi-th

Детски соби за семејства со повеќе деца

Прво, искрено да се заблагодариме за одличната реакција на првиот пост за детските соби на нашата официјална Facebook страница. Навистина многу ни значи реакцијата од читателите и секако ни помага да продолжиме да отвараме теми за кои постои интерес. Read moreRead more

7
Jul
divano-in-stile-in-pelle-EGO

Фотогалерија: гарнитури

Изминативе неколку дена во серија објавуваме совети кои треба да се почитуваат при изборот на вашата нова гарнитура за дневната соба. Зборувавме за тоа како да препознаете квалитетна гарнитура, како да се запознаете и одлучите околу полнењето на софата и секако зборувавме за тешката дилема: текстил или кожа? Read moreRead more

5
Jul
Forum - Linea Italia

Кожа или текстил? Изберете според карактеристиките и потребите

Ако се водите од вашата љубов кон некој материјал, тогаш овој блог пост ограничено ќе влијае врз вашата одлука за избор на материјал со кој ќе биде преслечена вашата нова гарнитура. Сепак, и да е така, ве советуваме да ги погледнете карактеристиките на различните материјали за да може во првата следна прилика да расудите малку порационално. Read moreRead more