Дизајн на малите нешта – homeware art
Инспирирани од новата продавница за дизајнерски производи Kares во центарот на Скопје, малку подетално навлеговме во дизајнот кои тие го нудат и во консултација со нив, издвоивме некои предмети кои оставаат впечаток како со дизајнот така и со функционалноста…ако овие две работи всушност некогаш може да се разделат.
Pantone hotel, Brussels
Престојувајќи во новиот хотелот Pantone, ќе го доживеете Брисел преку објективот на боја и спектар. Од моментот кога ќе пристигнете, “хотел на бои” ќе ги разбуди вашите сетила. Тоа е шарено и живописно место за престој. Хотелот е централно лоциран само чекори од Avenue Louise, нај гламурозната шопинг и бизнис-област.
Столот BIG BANG
Нов и единствен, современ стол со иновативно графичко решение. Ова решение е возможно само благодарение на иновативен систем на производство, патентиран и ставен во употреба за изведување на овој стол. BIG BANG е изведен со седало во повеќебоен технополимер и метални ногарки, хромирани или во бела боја. Погледнете ги комбинациите на бои
Adam & Eve Hotel, Antalya
Отворен во 2006 година, со капацитет од 497 соби, овој ресорт е „Concept and Design hotel“, дизајн на архитектот и ентериер дизајнер Ерен Талу. Хотелот е негова најнова верзија на минимализам, лоциран е во преубава борова шума, покрај море. Со многу награди за дизајн, Adam & Eve е прогласен за најдобар хотел во светот за 2007,2008,2009 и 2010, најдобар Европски хотел, најдобар хотел во Турција и уште ред други награди од Fashion TV, Gala Magazine, World Luxury Hotel Awards и др.
Ентериерот на СИВ – 60 години потоа (Белград)
Нашата екипа во рамките на „Ноќ на музеите“ во Белград (настан кај нас познат како „Бела ноќ“) ја посети зградата на Советот на Извршната Влада (SIV – Savez Izvrshnog Veca ). Иако ова е заборавено здание, непознато за младите генерации, нас не фасцинираше со својата безвременост. Конкурсот за зградата е објавен во 1947, а завршена е во 50-тите години. Трогнува со својот дизајн и концепт уште повеќе што тоа е направено пред 60 години.
Doimo Salotti – Milano Salone del Mobile 2011
Штандот на Doimo Salotti, на Саемот во Милано 2011. Претставени се сите нови модели. Doimo Salotti е бренд од групацијата Doimo, специјализиран исклучиво за софи изработени во штоф. За оние кои се плашат околу одржувањето на штофот на гарнитурата, мораме да спомнеме дека овде можноста штофот да се вади за перење е стандард.
Milano Saloni del mobili 2011- Bonaldo
Како што ветивме, во следните неколку постови ви ја пренесуваме атмосферата од Саемот во Милано 2011. Ова е штандот на Bonaldo, со новите производи за 2011 година. Чувствувајте се како да сте биле таму
The Met Hotel
Елитните хотели секогаш се простор каде може да се ужива во најновите и најсовремени дизајни. Еден таков, нов, елитен хотел е лоциран во соседна Грција, во Солун. Станува збор за The Met Hotel дел од водечкиот ланец на хотели Chandris Hotels & Resorts Group. Проектот беше изведен од Zege Architects, студио базирано во Грција кое е познато по динамичната архитктура и врвна посветеност на деталите.
Read more
Директор или витез од мрачната страна
Она што сакаме во овој пост да го нагласиме е тоа дека дизајнот не креира само функција и естетика на просторот, туку можеби најбитно од се, креира одредено однесување на корисниците. Планирано, суптилно или непланирано, дизајнот на просторот наметнува однесување и создава навики на корисниците во тој простор. Ова ќе го појасниме низ два примери.
Read more
Модерен ентериер со класични бои
Одличен дизајн кој докажува дека класичните бои како црнa искомбинирани со златна и сребрена можат да создадат модерен ентериер кој зрачи со стил.
Станува збор за делот за прием на холандската компанија All Capital. Дизјанерите (i29) сакале да создадат атмосфера во која сите ќе се чувствуваат дека се под рефлектор, односно во фокусот. Тоа успеале да го постигнат со имплементирање на огромни округли црни светла обоени со златна боја одвнатре. Како дополнување кое совршено се вклопува се лажните рефлексии кои се всушност апликации на тепихот и соодветно дизајниран и обоен мебел. Read more


