Mandarin Oriental Hotel, Barcelona
Уште еден хотел, најново остварување на шпанскиот дизајнер Patricia Urquiola. Ако имате прилика да патувате за Барселона наскоро, сигурно посетете го. Исклучителен дизајн!
W Retreat & Spa – Studio Urquiola
Во рамките на гигантот „W Hotels Worldwide” оваа година почнува со работа новиот „W Retreat & Spa – Vieques Island“, 37-ми хотел на компанијата и прв retreat центар во рамките на Северна Америка. W Vieques е лоциран 10-тина километри од југоисточниот брег на Порто Рико. Стартува со работа како втор retreat центар на W-ланецот хотели, следејќи го веќе успешниот прв W retreat центар на Малдивите, изграден 2006.
Саем за мебел 2010 – Скопје
Посетувајќи го саемот за мебел кој се одржа претходниот месец, се потрудивме да ви пренесеме дел од новостите кои ги сретнавме таму. Искрено, задоволството беше големо заради неколкуте парчиња мебел кои имаат добиено интернацонални награди за дизајн, вклучувајќи ја и Good Design Award. Погледнете ги сликите со кратко објаснување и уживајте.
Read more
Design Awards
Наградите се оние кои одбележуваат дека некои работи се сработени добро (ова како рекламата на ТВ испадна
. Тие се оние кои ја менуваат историјата и ги трасираат трендовите. Во светот постојат безброј награди за различни работи. Но секогаш многу внимание им се посветувало на оние кои се однесуваат на дизајнот на секојдневните но и на несекојдневните нешта. Токму затоа се одлучивме да ви најавиме серија на постови во кои ќе споделуваме некои дизајни кои се појавувале и освојувале награди на најголемите дизајн награди во светот. Како вовед, еве на кратко за два престижни настана кои нам ќе ни послужат како архива за пребарување. Read more
Директор или витез од мрачната страна
Она што сакаме во овој пост да го нагласиме е тоа дека дизајнот не креира само функција и естетика на просторот, туку можеби најбитно од се, креира одредено однесување на корисниците. Планирано, суптилно или непланирано, дизајнот на просторот наметнува однесување и создава навики на корисниците во тој простор. Ова ќе го појасниме низ два примери.
Read more
AIR нова софа на Lago
Производот беше оригинално најавен уште во 2009 година. За прв пат за овој производ Lаgo подготви сосем различна стратегија за промоција. За своите софи Lago тргна со посебен сајт Divani Air на кој собираа содржина врзана или само како инспирација за овој проект. Тие ја подгреваа атмосферата долго време. Пишуваа на својот блог, и конечно се израдуваа кога (пред неколку дена) им стигна каталогот. Значи, штом го има него, сега може со полна пареа да се зборува за концептот. Read more
Karim Space во Белград
На 1ви јануари оваа година во Белград се отвори продавница на Карим Рашид. Карим е еден од најиновативните дизјанери во наше време. Тој има издизајнирано над 3000 парчиња и има освоено над 300 награди. Присутен е во повеќе од 35 земји а на отварњето на новиот Karim Space тој лично беше присутен во Белград. Листата на производи и проекти зад кои стои неговиот потпис е долг. Наскоро ќе спремиме тематски посветени поросви со делата на Карим. А во овој блог пост пренесуваме фотографии од новоотворената продавница во Белград. Read more
Пластичните столици во белата куќа
Дури и најконзервативните места како што е Државната сала за вечери во Белата куќа не одолеа на напливот на пластиката во дизајнот. Имено, рушачот на клишеата во американската политика не го остави непроменет и изгледот на државната сала за вечери, во согласност со најновите трендови и иновативни материјали. Read more
Што ново носи револуционерниот концепт на кујни 36е8?
Во претходниот пост зборувавме за кујните со врвен дизајн на италијанскиот производител LAGO поточно со нивниот концепт на кујни 36е8. Денес продолжуваме со неколку детали, за да ве запознаеме подобро со концептот и можните комбинации кои може да се добијат со овој систем. Read more
Exagon столчиња на вртење од Tonon
Овие современи столчиња на вртење дебитираа на салонот во Милано. Нивниот изглед е италијански дизајн во најсветло издание. Изгледот е следен само од неговата функција. Изработени од лесен материјал, полиетиленска пена, овие столчиња овозможуваат природно седење и удобна позиција за телото. Достапни се во две бои: бела и црна со метална основа која нуди одлична можност за вртење од 360 степени со меморија на почетната позиција. Максимално искористувајќи го заштитниот дизајн со хексагони ова столче е достапно во две форми. Техничките спецификации може да ги погледнете на страницата на производителот Tonon
Read more


