Skip to content

Последни постови

8
Jun
Party

Табуретка “Party”

Еве еден интересен предлог за во дневната соба. Табуретка и отомани од Casamania во разни големини и изработени од различни материјали.  Секогаш меки и еластични, и најчесто со огромно копче на средината. Овалната форма на табуретката базирана на кратките ногарки изработени од природни дрва, му дава сензуалност и разиграност на амбиентот. Помалата верзија на оваа табуретка наречена “Забава” (“Party”) е совршена за одмарање на нозете, додека поголемата верзија нуди релаксирачка и комфорна опција за седење.

Читај повеќеRead more

7
Jun
soveti

5 совети пред да започнете со уредување на домот

Уредувањето на домот најчесто e поврзано со реновирање на цел или дел од домот, вселување во нов стан или куќа. Често тоа е знае да биде и само мало преуредување или давање нова функција на одредена просторија. Во кој било од овие случаи, само кога ќе помислите што се ќе треба да направите и низ што ќе треба да поминете, сигурно ве фаќа паника! За ваквите ситуации спремивме 5 совети за полесно да поминете низ оваа авантура. Читај повеќеRead more

30
May
Corona & Echo by Dom Italia

Совршени едни за други

Во животот нештата често одат во парови. Едноставно некои работи не можат едни без други. Некои парови изгледаат природно, некои се елегантни, некои се како распар ама сепак се привлечни, а некои едноставно воодушевуваат. Се разбира ние на блогов ќе прикажеме парови чиј дизјан едноставно воодушевува. Ве тера да помислите дека не може да постои друга комбинација, друга боја или друга форма. Едноставно тие се совршени еден со друг и тоа е тоа. Читај повеќеRead more

27
May
trendovi-featured

IN & OUT во светот на дизјанот на мебелот

Домувањето и опремувањето на домот доживува вистински бум. Човекот во просек поминува 340 дена годишно во својот дом. А можеби токму заради финансиската криза, луѓето сè повеќе време минуваат дома, каде ја имаат слободата целосно да господарат со својот простор и да го уредуваат како што сакаат. Како резултат на ова, луѓето се повеќе посветуваат внимание на дизајнот на внатрешниот домашен простор, но и на надворешниот: градини, балкони или тераси. Читај повеќеRead more

25
May
saloni2010-thumb

Италијанците на Saloni 2010

Наместо да ви издвоиме уште некое парче мебел од саемот во Милано, не дека нема да го сториме и тоа, овој пат решивме да собереме седумдесетина фотографии од штандовите на неколку домашни излагачи.

Читај повеќеRead more

19
May
rectangular-glass-dining-table_thumb

Mille модерна стаклена маса

Ни тргна со масите, ама што да правиме, едноставно има некои кои толку многу не воодушевуваат што мораме да ги споделиме. По Big Table еве ја сега и неверојатната стаклена маса Mille дизајниран од Bartoli Design. Доколку барате невообичаена маса за вашиот простор, можеби токму оваа маса ќе ви го реши проблемот. Маса со иновативен дизајн која дава карактер на просторот во кој е поставена. Читај повеќеRead more

15
May
mebel-plastika

Пластика – новата опсесија на дизајнерите

Лесни за паричникот и убави на око, иновативните материјали како што се полипропиленот, метакристалот АБС, најлонот и поликарбонатот, се трајни и погодни за отворен, и за затворен простор. Салоните на италијанските прозиводители се преполни со пластичниот мебел во најразновидни бои.
Читај повеќеRead more

11
May
SPOON_lounge_chair_f

Spoon, создадена за уживање

Лежалка, или столица за уживање, која навистина се издвојува по својот дизајн. Навлаката е од кожа, и има хромирани ногарки. Дизајнот е на Mario Mazzer, а направена е за Bonaldo. Ова перфектно дизајнирано парче мебел одлично може да се смести во интериерот на вашиот дневен простор, библиотека или во канцеларијата. Читај повеќеRead more

6
May
Vondom-550

Saloni 2010 – нови трендови во светот на дизајнот

Миланскиот “Saloni” e најпознат и највлијателен меѓународен саем за мебел и најголема изложба за декорација во светот.

Од 14 до 19 април присуствувме на 49-тото издание на најголемиот саем за мебел во светот “Salone Internazionale del Mobile” или како што Италијанците го нарекуваат “Saloni 2010”. “ На саемот годинава имаше вкупно 2,542 излагачи распостелени на 530,000 м2.

Читај повеќеRead more

1
May
big_foot_feat

Big Table – вистинско ремек дело

За дневна инспирација на архитектите и дизајнерите, еве еден предлог. ‘Big Table’ на белгискиот дизајнер Allain Gillles произведена за Bonaldo е вистинско ремек дело. Читај повеќеRead more